|
Гај Ричи ќе прави најскапо виски |
|
|
|
[24-06-2008 | 23:45 часот] |
Британскиот филмски режисер Гај Ричи, неодамна за 2.5 милиони евра стана сопственик на пабот "Punch Bowl", а понесен од угостителските води тој реши да...
... создаде најскап виски бренд на светот. "Гај Ричи е голем обожавател на вискито и сака да креира свој сопствен бренд. Од отворањето на Punch Bowl се обиде да создаде некои класики", открива близок пријател на сопругот на Мадона. "Гај сака неговото виски да стане најексклузивен виски бренд, и верува дека постојат многу богати бизнисмени и рок ѕвезди кои би платиле износ од шест цифри за најдоброто виски на светот", додава изворот за The Sun. Брендот Macallan моментално го нуди најскапото виски на светот, а шише Macallan Vintage од 1926 година, на аукцијата на Christie’s постигна цена од дури 34.000 евра.  |