30.000 публика за "Полицајците" Печати Е-меил
[25-06-2008 | 23:01 часот]
 Легендарната група "The Police" во вторникот вечер буквално го раздрма Белград. Во склоп на својата последна светска турнеја тие направија 2 часовен...

... концерт пред 30.000 луѓе на белградското Ушќе.

Концертот започна со Message in the Bottle, а во текот на концертот изведени се и неколку нумери од соло кариерата на фронтменот Стинг.

Во својата кариера бендот има продадено над 50 милиони албуми, добитници се на 6 Grammy награди, а 2003 влегоа и во Rock 'n' Roll куќата на славните.

По распаѓањето во 1986 бендот беше неактивен се до 2007, кога тие ја најавија својата повратничка и истовремено опроштајна турнеја која ќе заврши во август во Њу Јорк.

Во Белград тие го одржаа единствениот концерт во југоисточна европа, а како предгрупа настапи калифорнискиот рок бенд Counting Crows.