Sony Ericsson наменет за играње Печати Е-меил
[25-06-2008 | 23:26 часот]
 Компанијата Sony Ericsson го претстави својот нов модел на мобилен телефон F305 кој им е наменет за гејмерите. Во телефонот се вградени и сензори кои се...

... осетливи на движењата при управување, а копчиња се прилагодени за играње.

Од Sony Ericsson објаснија дека компанијата и претходно користела технологија осетлива на движења, но овој пат таа е имплементирана конкретно за играњето на игри.

F305 телефонот има поддршка за 3D која се користи за игрите.

Во самиот телефон се инсталирани три  игри, а од сајтот на Gameloft може да се симнат уште 50 други игри.

Телефонот има и медиа плеер, поддршка за Bluetooth и EDGE, како и прелистувач на интернет страници.

Гејмерот од Sony Ericsson ќе се појави на пазарот кон крајот на летово, а цената сеуште не е позната.

 
 
 
Madonna



18 септември - Скопски саем