Во вторникот во Њу Јорк, италијанскиот архитект David Fisher ги претстави плановите за изградба на два ротирачки облакодери. Станува збор за првиот...
... облакодер од таков тип, кој е конструиран на начин така што секој кат ќе да ротира засебно. Облакодерот кој ќе се гради во Дубаи ќе има 80 ката и ќе биде комбинација од деловни простории, хотел, и апартмани. Цената на еден метар квадратен се движи околу 30.000 американски долари, а вкупната цена на становите се движи од 3,7 до неверојатни 36 милиони долари. За период од еден до три часа, становите ќе ротираат во полн круг од 360° околу централната оска која ја движат 79 турбини, а облакодерите ќе бидат оспособени сами да произведуваат електрична енергија. "Облакодерите се изложени на силен ветер. На висините кои ги достигнуваат овие градби ветерот е секогаш присутен. Затоа би било корисно да ја искористиме неговата енергијата наместо да се бориме против неа.", изјави архитектот. Облакодерот во Дубаи ќе биде завршен во 2010 година, а неговата изградба ќе чини 700 милиони долари.
|