Метаболизмот е меѓусебен однос на сите биохемиски процеси во претворање на хранливите состојки во енергија. Ако се не се потроши (бидејќи..
... сте земале премногу или сте јаделе во време кога организмот потешко вари) се претвора во маснотии. Но, што всушност се случува? 1. Наутро, најбрзо работат две жлезди со внатрешно лачење: тироидеата и надбубрежните жлезди, па затоа најбрзо согоруваат калориите добиени со храната. Тоа објаснува зошто во повеќето диети се препорачува наутро да се конзумира најмногу шеќер и маснотии.
2. Попладне доаѓа до промени: по 17 часот, работата на тироидата се забавува и организмот од добиените калории создава се повеќе и повеќе "залихи", наталожувајќи масно ткиво. Затоа, навечер е најдобро да се земаат протеини кои содржат помалку маснотии.
3. За лицата на возраст до 30 години, белковините делуваат и на хипофизата која го поттикнува лачењето на хормонот за раст, кој исто така троши маснотии.
4. На сите лица, без оглед на годините, им одговара поттикнување на произведувањето на хормонот за раст бидејќи преку тој механизам организмот се бори против делувањето на годините, и го забавува стареењето.
5. Внимавајте на меѓусебното ускладување на продуктите: навечер, на пример, не е добро да се јадат јаглехидрати со протеини бидејќи заедно го намалуваат лачењето на хормонот за раст, а го зголемуваат лачењето на инсулинот, кој се нарекува и хормон на "дебелеењето".
6. Затоа навечер не е препорачливо да се зема овошје со многу шеќер, за да се избегне делувањатп на инсулинот. Преземено од Вечер |