Сочуство за Малезијците Печати Е-меил
[26-06-2008 | 00:58 часот]
 Доколку по некој повод се најдете во Малезија, нека не ве чуди што девојки со кармин и на штикли ќе може да видите само на ТВ. Од скоро државата Келентан со...

... закон забрани шминкање на муслиманките, и носење високи штикли.

Екстремната исламистичка партија која е на власт и која го донесе ова ново правило, остави малку олеснителни околности за штиклите.

Жените ќе може да носат само пониски штикли, а истите ќе треба да бидат обложени со гума за да не го произведуваат препознатливиот звук.

Целта на овие мерки е спречување на силувањата и вонбрачниот швалерај, односно сочувување на достоинството и моралот на муслиманските жени.

Oстанатиот дел од Малезија, сепак (за среќа) ќе продолжи да ужива во убавите сограѓанки.