|
Наскоро Smart ќе вози на батерии |
|
|
|
[27-06-2008 | 00:07 часот] |
Mercedes наскоро планира производство на автомобилите Smart, кои ќе работат на електричен погон, најавуваат од филијалата на Mercedes за изработка...
... на еколошки автомобили. Новите автомобили како основа ќе ги користат 100 електрични тест возила на Smart кои се тестираат во Лондон, а ќе бидат опремени со литиум-јонски батерии, наместо натриум-никел-хлоридни батерии кои досега се користеа. Пробниот модел има електричен мотор на батерии од 41 КЅ, и може да се движи со едно дополнување на батеријата и до 115 километри. Автомобилот може да постигне максимална брзина од 112 километри на час, времето на полнење на батеријата е 5 часа, а литиумските батерии траат подолго и бараат пократко време за дополнување.  |