Марихуаната ја намалува плодноста Печати Е-меил
[27-06-2008 | 00:19 часот]
 Марихуаната, вклучувајќи ги и останатите опојни дроги, го намалуваат движењето на сперматозоидите - односно машката плодност, покажаа резултатите..

... од студијата спроведена на Баскискиот Универзитет.

Научниците истакнуваат дека при користење марихуана, свежината на сперматозоидите не е доволна за оплодување.

Проблемот настанува кога во плазматската мембрана пристигнуваат опојните и канибиноидни рецептори, бидејќи во тој случај сперматозоидите реагираат како и целиот организам - смирено.

Поради тоа и настанува проблемот со оплодувањето кај оние кои конзумираат марихуана и останати опојни дроги.

"Ова е прв пат да најдеме три опојни рецептори - DELTA, KAPPA и MU, и два канибиноидни - CB1 и CB2, во човечката сперма по конзумирањето на дрога.

Исто така е утврдено штетните рецептри навлагаат во сите делови на сперматозоидот. Се наоѓаат во главата, средината и опашката на сперматозоидите, потврди професорот Ekaitz Agirregoitia Marcos.

 

 
 
 


Градиште 2008