Мини чудо со макси перформанси Печати Е-меил
[27-06-2008 | 00:35 часот]
 Јапонскиот "Panasonic" и официјално го пушти во продажба мини UMPC Toughbook компјутерот, под ознаката CF-U1, кој пројави голем интерес на минатиот CeBIT..


Ова мини чудо е базирано на Intel Atom процесор, поседува екран од 5.6 инчи, QWERTY тастатура и голем број на приклучоци.

CF-U1 поседува 2мп камера, 1 гига рам меморија, сите можни конекции од wifi па се до мобилна 3Г, а користи windows Vista.

Она по што се разликува овој лаптоп, е тоа што има извонредна отпорност.

Panasonic CF-U1 може да преживее пад од 1.2 метри височина, разни огреботини, потопување во вода и други физички незгоди.

Уредот е со мини димензии од 184 x 151 x 57 милиметри, а батериите кои ги користи овозможуваат непрекината работа од 10 часа.

Единствена мана засега е превисоката цена, која се движи околу 2500 долари.

 
 
 
Jungle TV