|
Бил Гејтс стана пензионер |
|
|
|
[27-06-2008 | 15:48 часот] |
Шефот на компјутерскиот гигант Microsoft - Бил Гејтс, денес (по 33 години работа) ja апгрејдува својата кариера во верзија 2.0, односно стана пензионер..
Функцијата извршен директор на најголемата светска софтверска компанија со 90.000 вработени, ќе му ја остави на својата досегашна "десна рака" - господинот Стив Балмер. Бил Гејтс (52) порано оди во пензија, и има зошто, тој треба да потроши (колку што е проценето неговото богатство) 58 милијарди долари. Гејтс своите пензионерски денови ќе ги започне со патување на Олимписките игри во пекинг, а потоа планира повеќе да се посвети на најбогатата фондација на светот "Бил и Мелинда Гејтс". Иако пензионер, тој ќе биде "хонорарен" шеф на бордот на компанијата која ќе ја посетува 1-2 пати неделно. 
|