Renault ги поскапува возилата Печати Е-меил
[27-06-2008 | 16:07 часот]
 Францускиот произведувач на автомобили Renault објави дека ќе ги зголеми цените на своите возила, а поскапувањето ќе ги зафати сите...

... региони и скоро сите држави.

Покачувањето ќе биде во просек 1,5%, а се должи на поскапувањето на суровините за производтство.

Во средата од групацијата на Renault објавија дека растечките цени на челикот и останатите суровини, покрај нивното, во наредниот период ќе доведе до поскапување на сите автомобили во светот.

Извршниот директор на Nissan - Carlos Ghosn кој е на чело и на Renault, изјави дека поскапувањето е неизбежно затоа што цените на некои суровини се покачени и 100%.