Секој трет млад маж сака брак Печати Е-меил
[29-06-2008 | 23:14 часот]
 Секој трет млад маж сака брак со својата љубена, а изненадувачки е процентот и на оние кои сакаат да стапат во брак со девица. Истражувањето...

... спроведено на 57.000 припадници на посилниот пол, кое го спроведе магазинот FHM, покажа дека 28% од мажите би сакале да се оженат со девојка која е девица, додека 41% од мажите изјавиле дека сакаат невеста со сексуално искуство, односно девојка која била со пет или помалку партнери.

Само 5% од испитаниците сакаат нивната избраничка да има сексуално искуство со 15 или повеќе мажи.

Сите респоденти биле на возраст над 20 години, вработени и факултетски образовани.

Докторот Gail Hawkes од University of New England изјавил дека ова откритие било изненадувачко, бидејќи и денеска постојат рестрикции и двојни стандарди во сексуалноста, кои ги поставуваат мажите.

 

 
 
 
Jungle TV