Птичјото гнездо спремно за ОИ Печати Е-меил
[29-06-2008 | 23:30 часот]
 Изградбата на олимпискиот стадион "Птичјо гнездо" во главниот град на Кина и официјално заврши изминатата сабота. Сите завршни работи и 37 спортски...

... терени за Олимписките игри во Пекинг се подготвени, пренесе Interfax.

"Овој стадион е нашата најнова и најдобра спортска арена", изјави раководителот на проектот, Tan Shaochun.

Архитектонското ремек дело е производ од соработката на швајцарската проектантска компанија "Herzog and de Meuron" и Кинескиот истражувачки институт за градежен дизајн.

Изградбата на стадионот ги чинеше властите повеќе од 500 милиони американски долари.

Вкупната површина изнесува 20,4 хектари, а има капацитет за 91 илјади гледачи.

Во "Птичјото гнездо" ќе бидат одржани церемониите на отварањето и затварањето на Олимпијадата, како и натпреварите во лесна атлетика.

 
 
 
Madonna



18 септември - Скопски саем