|
Twin Drive хибрид од Volkswagen |
|
|
|
[29-06-2008 | 23:59 часот] |
Германскиот Volkswagen го претстави прототипот на својот прв хибриден автомобил. Golf Twin Drive има два мотори, електричен и турбодизел. Електричниот...
... мотор има моќност од 82КС, и автономија од 50 километри што е доволно за дневните градски потреби. Доколку се има желба или пак батериите се празни, погонот се префрлува на 2 литарскиот турбо дизел мотор. Volkswagen заедно со германската влада во својот голем проект за хибридни автомобил, во 2010 ќе тестира флота од 20 вакви автомобили. Со цел максимизирање на искористливоста, новиот хибрид ќе ја собира и енергијата од кочењето (регенеративни кочници), а за време на тестирањата возилата ќе се полнат од природни електро извори како што се ветерници и хидроелектрани. 

 |