Еден поинаков избор за убавина Печати Е-меил
[30-06-2008 | 00:10 часот]
 Утре (1-ви јули) BBC ќе започне со прикажување на новото риалити шоу под името Britain's Missing Top Model, во кое осум девојки ќе се натпреваруваат за...

... титулата –  топ модел. Она што го прави овој избор поразличен од другите, е тоа што сите осум девојки имаат некаков физички хендикеп.

Debbie Van der Putten (22) која пред пет години ја изгубила десната рака во сообраќајна несреќа, Kellie Moody (24) која е глувонема, и Jessica Kellgren-Hayes (19) која повеќето време е врзана за количка, се само дел од учесничките на овој избор.

Медиомскиот магнат BBC со овој проект сака да ги надмине границите за перцепцијата на убавината, која ја наметнува денешната модна индустрија.

"Учеството во ова натпреварување за мене е големо искуство и еден вид терапија.

Не само за да не се кријам, туку и гордо да стојам пред објективот и да прифатам дека сум убава ваква каква што сум", изјави Debbie Van der Putten во пресрет на почетокот на шоуто.

 
 
 
Jungle TV