Шитнете ги поклоните од бившиот Печати Е-меил
[30-06-2008 | 00:45 часот]
 Сте прекинале со партнерот и сакате да се откачите од сите работи кои ве потсетуваат на него. Пред вас е накитот кој ви го подарил, а ни на крај...

... памет не ви паѓа да му го вратите?

Интернет страницата Ex-Boyfriend Jewelry, ви нуди можност да се ослободите од накитот, и истовремено да заработите!

Правилата се едноставни:

Напишете што повеќе информации за раскинувањето и предметите кои ги ставате на продажба.

Зошто сакате да ги продадете, колку ви значеле и сл. Ова е најзабавниот дел од приказната, а со тоа и ќе си кажете што ве мачи...

Споделување на емоциите

Понекогаш е доволно своите емоции да ги споделите, и веднаш да почуствувате олеснување.

Сепак, во описот и вашата приказна за раскинувањето не е дозволено да го наведете полното име и презиме на вашиот екс партнер, па затоа смислете му надимак.

Неопходно е и да испратите слика од накитот кој го продавате, која нема да биде поголема од 500 kb.

Вашиот оглас ќе биде активен 60 дена.

Ако во овој период накитот не биде продаден, тогаш огласот се брише, а потенцијалните купувачи ќе ве контактираат преку приватен е-маил.

Раскинувањето секогаш е тешко, но понекогаш и најчудните работи успеваат да излечат.

Па, пробајте со страницава!

 
 
 
Jungle TV