|
Заводникот призна и брак и развод |
|
|
|
[30-06-2008 | 00:59 часот] |
Латино заводникот и пеач Enrique Iglesias конечно призна дека минатата година тајно се венчал со тениската ѕвезда Anna Kournikova, меѓутоа - веќе се развеле..
"Моментално не сум во брак, но бев, минатата година. Ана и јас се венчавме, но незнам што се случи со нас. Повеќе не сме во брак, но и понатаму се слушаме и гледаме.", изјави Иглесиас за британскиот "Daily Star". Енрике (33) и Ана (27) беа заедно неколку години, откако се запознаа на снимањето на неговиот спот "Escape". Често поттикнуваа љубопитност кај таблоидите и јавноста, баш затоа што одбиваа да говорат за статусот на нивната врска, или шпекулациите за брак. 
 |