Си го продаде животот на аукција Печати Е-меил
[30-06-2008 | 15:10 часот]
 Заврши аукцијата на австралијанецот Ian Usher (44) кој на eBay го продаде целиот свој живот. Се продаде пакетот кој вклучуваше се, почнувајќи од куќата, работата, па...

... се до пријателите.

Иан се одлучил на овој чекор по разводот со неговата жена, со намера да почне нов живот - од нула.

Во целиот свој живот кој го продаде вклучени се: трособен стан во Перт, скутерот за вода, работата во продавница за теписи, автомобилот, и пријателите.

Иако е разочаран од цената која ја постигна на аукцијата тој вели дека не се кае.

"Беше интересно и уникатно искуство, и иако мислев дека ќе добијам повеќе пари на аукцијата сепак не се каам." - изјави Иан по аукцијата.

Неговиот живот на аукцијата на eBay постигна цена од скромни 100,000$, која ја плати анонимен купувач од Австралија.