|
Преставен е новиот LG Chocolate |
|
|
|
[30-06-2008 | 23:40 часот] |
Компанијата LG го претстави третото издание од "чоколадната серија" кој беше направен специјално за операторот "Verizon". Станува збор за...
... телефон на преклопување кој првенствено е наменет за вљубениците во музиката, бидејќи репродукцијата на музичката содржина (покрај телефонот) му е и основна намена. Телефонот има сопствени звучници и FM радио приемник. LG Chocolate 3, има 1 гигабајт интерна меморија и додатен слот за microSD картици за дополнителен капацитет до 8ГБ. Поседува вградена камера од 2 мегапиксели за фотографирање/снимање, а за брз интернет и конекција тука е 3G услугата на компанијата Verizon. Од додатоците се издвојуваат Bluetooth 2.0 со A2DP подршка, како и V CAST Music & Video сервисот кој овозможува симнување на 3 милиони музички и видео фајлови преку брзата 3G конекција. Новиот LG телефон на пазарот ќе се појави во текот на јули, а цената сеуште не е позната.  |