Крај за продажбата на Windows XP Печати Е-меил
[30-06-2008 | 23:59 часот]
 Магнатот Microsoft одлучи од вчера да го повлече од продажба оперативниот систем Windows XP, и покрај протестот на корисниците кои не сакаат да бидат...

... присилени да го користат новиот оперативен систем Vista.

За сите оние кои не можат да живеат без својот стар оперативен систем, пронајдено е решение. Овие корисници ќе мора да ја купат Vistа Ultimate или Vistа Business и тогаш легално да го "уназадат" системот на XP.

Компанијата и понатаму ќе им дозволува на помалите компјутерски продавници да го купуваат и препродаваат XP до крајот на јануари.

Оваа верзија исто така ќе биде во употреба за нискобуџетните компјутери како што е Asus Eee PC.

Групата на корисници кои ја предводат иницијативата "Save XP" потпиша петиција на сајтот InfoWorld каде бараат XP и понатаму да се продава, се додека не се произведе неговиот нареден оперативен систем - Windows 7.

Windows 7 се очекува да биде пуштен во продажба во текот на 2009-та година.

 

 
 
 
Madonna



18 септември - Скопски саем