|
Иновативни кондоми на повидок |
|
|
|
[01-07-2008 | 00:27 часот] |
Една германска компанија по 2 години од најавата конечно сака да го комерцијализира новиот вид на презервативи "по мерка". Станува збор...
... за спреј со латекс кој после распрскувањето се суши во рок од 20-ина секунди, и совршено го покрива делот на телото за кој е наменет. Производителот на спрејот на своите идни потрошувачи им гарантира целосна удобност и искуство во кондомот "по мерка". За новото откритие потребно е да одвоите 20 евра за самиот распрскувач, и уште 8 евра за полнењето со латекс. Со едно полнење на латексот во просек ќе може да "напрскате" 15 презервативи. Како што пренесуваат агенциите, ако се надминат проблемите во производството предвидено е иновативниот спреј да се најде на пазарот веќе ова лето.  |