Вечера од 2 милиони долари Печати Е-меил
[01-07-2008 | 00:52 часот]
 Кинески советник од инвестициски фонд базиран во Хонг Конг плати 2,1 милиони долари за вечера со мултимилијардерот Warren Buffett. Советникот...

... Zhao Danyang е човекот кој ја плати најголема сума на најскапата аукција од ваков тип која некогаш се случила на eBay.

Според правилникот на аукцијата, Danyang сосебе ќе може да донесе до 7 пријатели кои ќе уживаат во вечерата со Buffett во познатиот ресторан Smith & Wollensky во Њу Јорк.

На минатогодишната аукција со иста цел, биле собрани неколку пати помалце, односно "само" 650.100 долари.

Средствата од оваа традиционална аукција која ја организира Warren Buffett се наменети за хуманитарната фондација Glide.

Warren Buffett (лево) Bill Gates (десно)

 
 
 


Градиште 2008