Во денешно време, жените дефинитивно ги привлекуваат мажи со "неуредна" кратка брада. Овие мажи, судејќи по резултатите на новата студија, се поатрактивни за...
... понежниот пол од оние со свежо избричено лици или пак оние обраснати со брада. Испитаничките ги оцениле мажите со брадичка како груби, зрели, агресивни, доминантни и маженствени, но и како најдобри љубовни партнери, без оглед дали се работи за краток флерт или долготрајна врска. Резултатите од истражувањето во кое учествиувале Британки на возраст од 18 до 44 години, ја објаснуваат и привлечноста на мажите како што се George Clooney и Brad Pitt, кои веќе поодамна го промовираат својот "науреден изглед". И понатаму останува нејасно зошто овие мажи им се попривлечни на жените. Експертите сметаат дека одговорот лежи во еволуцијата, бидејќи ваквите лица ја нагласуваат вилицата со што се истакнува мажественоста. Наспроти тоа тврдење, психолозите од Универзитетот Northumbria сметаат дека неизбричените мажи им го нудат на жените она што тие го сакаат - не се премногу маженствени, но не се ни доволно зрели. "Кратката брада на лицето жените ја поврзуваат со успехот, наспроти отсуството на брадата на машкото лице, кое сугерира на сексуална незрелост и попустливост", објаснуваат експертите. 
|