За еден од најубавите и најважните денови во животот на младенците се смета венчавката. Но, овој ден за паметење може да биде различно протолкуван....
Британскиот The Sun ги објави приказните на едни од нај откачените венчавки. Младенците Terry и Alice Speller си понудиле уживање во ресторанот за брза храна McDonalds. Меѓутоа, овој пример не е ни приближно до оние најчудните венчавки ширум светот. Следниве млади парови со сигурност никогаш нема да го заборават денот на нивната венчавка. За својот најсреќен ден, невестата Maxine Baggarley до олтарот пристигнала со багер. Следен случај е голата венчавка, односно свадбата во Јамајка каде имало 29 голи парови. Сметајќи дека бракот е подеднакво опасен како и скокот од авион, Nigel O’Gorman и Emma McCormack одлучиле своето венчавање да го направат за време на падобрански скок. Jill Freeman обожавал да купува. Својата идна сопруга ја запознал во супермаркет, па многу логично е дека судбоносното ДА, си го кажале токму на местото на средбата - супермаркетот. Има случај кога согласувањето било кажано преку токи-воки. Така Џастин Бун и неговата сопруга Каролина летале со посебни авиони кога, преку токи-воки, секој од посебен авион, го изговориле судноносното Да. Bramwell Brightey и Tamsyn Lofts кои се верни фанови на "Војна на ѕвездите", имале тематска свадба, а како гости биле присутни и дел од екипата. 


 |