Наспроти притисокот и неизвесноста во последно време, научниците евидентирале дека земјата станува се посреќно место за живот. Задоволството..
... кое е присутно во различните земји зависи првенствено од нивниот економски напредок, демократијата, друштвената толеранција, и останатите слични фактори. "Дојдовме до изненадувачко откритие. Се веруваше дека речиси е невозможно да се зголеми нивото на среќата на целата Земја - но тоа се случува", изјави Ronald Inglehart од Мичигенскиот универзитет. Според заклучоците, Данска се смета за најсреќна земја, додека Зимбабве моментално е во најлоша позиција. Во студијата биле вклучени 52 земји, а во текот на изминатите 17 години биле следени 350.000 жители. Целосната студија ќе биде објавена во текот на овој месец во журналот "Perspectives on Psychological Science". Во ова истражување практично се потврди и логичноста - Жителите на богатите земји се посреќни отколку оние во сиромашните. "Најсреќни се оние земји во кои на поединците им се овозможува самите да одберат колку ќе успеат, и како ќе живеат", додава Inglehart. |