|
Не постои хомосексуален ген |
|
|
|
[01-07-2008 | 23:10 часот] |
Хомосексуалноста во голема мера е генетски обликувана, но на неа влијаат и факторите од околината, тврдат експертите врз основа на најопширната студија која...
... досега била спроведена, пренесува bio-medicine.org За што по-паралелно споредување, во студијата била опфатена целата популација на возрасни близнаци во Шведска. Испитаниците биле на возраст од 20 до 47 години, од двата пола. Експертите тврдат дека до хомосексуалност може да дојде поради генетски причини, но и поради влијанија од околината кои за секоја личност се специфични. Тоа може да бидат биолошки влијанија, како што е изложеноста на поединечни хормони уште во матката на мајката, а може да бидат и психолошки или социолошки причини. "Ова истражување е особено важно поради тоа што јасно ни дава до знаење сека не постои никаков "геј– ген" кој би требало да го бараме, туку станува збор за многубројни и комплексни фактори кои влијаат на сексуалната ориентација", изјави Quazi Rahman. |