|
Прочитајте му го карактерот во очите |
|
|
|
[01-07-2008 | 23:19 часот] |
Првиот поглед обично е насочен кон очите на соговорникот. Повеќето веднаш ја забележуваат бојата и големината, а само овие два податока може да ви кажат...
... доволно информации за оној кој ве интересира. Што открива бојата на очите?
СИНИ ОЧИ - нежен, дарежлив, неспособен да се налути на подолго време. Поради тоа честопати другите се обидуваат да го искористат.
ЗЕЛЕНИ ОЧИ - полн е со енергија, јасен е и гласен. Добива се што ќе посака и не допушта никакво спротивставување.
СМЕЃИ ОЧИ - не е многу спонтан и честопати е осамен. Мажите со оваа боја на очи според некои анализи ги има најмногу.
ЦРНИ ОЧИ - сосема опуштен, им верува на сите и не се возбудува премногу за ништо. Тоталено кул маж фраер.
Што открива големината на очите? ГОЛЕМИ - романтичар кој многу зборува и притоа секако сите го слушаат. Тој најверојатно е во потрага по девојка, која исто така е многу зборлеста.
МАЛИ - срамежлив тип кој станува уште поповлечен откако ќе се вљуби. Влејте му малку храброст и преземете го првиот чекор.
ОПУШТЕНИ - организатор, негово мото е: чекор по чекор до целта. Не сака хаос, туку мир и тишина.
НОРМАЛНИ - пргава личност, освојувач на женски срца. А освен тоа - верен е! Преземено од: Вечер |