Според најновите истражувања на Асоцијацијата на европските авио компании, лондонскиот Heathrow е најлошиот аеродром во Европа поради се...
... почестите каснења, одлужувања на летови и слаба продуктивност. Според новите бројки, скоро половина од полетувањата или долетувања на еден од најпознатите европски аеродроми, во првото тромесечие од оваа година - каснеле по најмалку 15 минути. Не само што Heathrow е оценет како најлош аеродром од вкупно 27 аеродроми кои биле опфатени со овие остражувања, туку ова е веќе 16 пат по ред овој угледен лондонски аеродром да се најде врвот на оваа листа. Според новиот извештај Heathrow има доста проблеми со каснењата и контрола на кулата, кои се заслужни за 15,3% од каснењата. Во оделот за утовар и обработка на патничките документи, ситуацијата не е ништо подобра, па тие се виновни за 11,1 од каснењата на летовите. Управата на Heathrow мисли дека трета писта е решение на сите проблеми, со кои се соочува лондонскиот аеродром во изминатите години. "Двете писти функционираат со полн капацитет, што значи дека мал инцидент како што е неповолното време или обичен застој, може да предизвика големо каснење и одложување на редовните летови" - изјави портпаролот на лондонскиот аеродром.  |