Фолк легендата Цеца Ражнатовиќ е прогласена за најсексипилна жена на светот - според читателите на српското издание на магазинот FHM. Второто...
... место и припадна на тенисерката Ана Ивановиќ, а трета е актерката Меган Фокс... Обемната анкета за сркпскиот вкус за сексипил, траела пет месеци. Првата позиција убедливо ја зазеде Цеца, која инаку ја краси насловницата на следното - јулско издание. На радост на сите читатели на FHM, Цеца ќе се покаже со сета своја убавина во мини-бикини, а како локација за фотографирање послужиле жешките плажи на Кипар. Тенисерката Ана Ивановиќ е една од причините зошто мажите веќе не ги пропуштаат тениските мечови меѓу девојките, а благодарение на својата насмевка, таа доби 31.500 гласа. Гледајќи надвор од нивните граници, актерката Меган Фокс очигледно им се допаѓа и на Србите кои поради заводливоста и дале 28.500 гласа, сосема доволни за третата позиција. По неа следи Моника Белучи, Џесика Алба, па поп пејачката Емина Јаховиќ. На седмата и осмата позиција се најдоа мегапопуларните Адријана Лима и Анџелина Џоли, 9-та е српската поп ѕвезда Наташа Беквалац, а на десетото место заврши црномурестата Ријана. 


Извор: Вечер |