Црвените се најгласни Печати Е-меил
[04-07-2008 | 00:14 часот]
 Многумина изразија неверување кога на неодамна спроведената студија, се покажа дека бојата на автомобилот има значајно влијание за перцепцијата...

... на буката.

На шеснаесет испитаници им биле покажувани фотографии со автомобили во сина, црвена, светло зелена и темно зелена боја, а истовремено им биле пуштани и звуци од мотор со исти нивоа на силина на звукот.

Поголемиот број на испитаници постојано го посочувале црвениот автомобил како најгласен, додека останатите автомобили ги оцениле како потивки од црвениот.

Во истражувањето се покажа дека црвениот автомобил е оценет како 5% погласен од најтивко рангираниот - светло зелен автомобил.

Ова истражување покажа дека бојата на автомобилите дава различната перцепција за гласност кај учесниците во сообраќајот, што го потврдува и изминатото истражување извршено на возови кое имаше исти резултати.

 
 
 


Градиште 2008