|
Центар за подобар женски оргазам |
|
|
|
[04-07-2008 | 00:26 часот] |
Гинекологот Лаура Романзи во Њу Јорк отвори вистински спа центар наменет за "зајакнување" на женските гениталии. Есенцијален третман ќе чини околу...
... 150 долари, а ќе вклучува и дијагноза на мускулите на карлицата. По дијагнозата, на оние кои ќе го посетуваат центарот на Менхетен ќе им бидат препишани соодветни - прилагодени вежби за карлицата. Според Романзи, со тоа жените ќе дојдат во форма и одвнатре и однадвор. Докторката гарантира дека "пациентките" ќе ја подобрат контролата, и ќе го зголемат уживањето при оргазам. Нејзиниот иновативен спа центар веќе доби и име - "ginospa", а со отварањето на ваков центар може да се заклучи дека повеќе нема да има дел од женското тело - кој ќе остане "поштеден" од усовршувањето. |