Најголемиот апартман на светот Печати Е-меил
[04-07-2008 | 00:40 часот]
 На лебанонската планина Брумана се наоѓа "Grand Hills Hotel & Spa", во кој се наоѓа најголемиот кралски апартман на светот, со површина од дури 4131 квадратни метри..


Кралскиот апартман е впишан во Гинисовата книга на рекорди како најголем апартман во светот, за што доби и сертификат за оваа титула.

Целиот хотелски комплекс се наоѓа на 750 метри височина во извонредно опкружување, и има вкупно 118 соби.

Во кралскиот апартман со луксузен ентериер преовладува жолтата боја и позлатениот мебел.

Апартманот не е во официјалната понуда на хотелот и е достапен само за исклучителни гости, така што цената за ноќевање во овој мега апартман останува непозната.

 
 
 
Jungle TV