Русија ќе си гради свој "Дубаи" Печати Е-меил
[06-07-2008 | 00:37 часот]
 Наместо да трошат пари на странски луксузни дестинации, Руските богаташи наскоро ќе можат скапо да "уживаат" во својата земја. Русија објави дека од...

... идната година ќе гради вештачки остров наменет за луксузен туризам, по примерот на оние кои веќе се градат на Дубаи.

Островот ќе биде сместен во Црното море, а работите на изградбата, која се проценува дека ќе трае шест години, би требало да започнат за неколку месеци.

Проектот е наречен Остров на федерацијата и чини шест милијарди долари. Неговата површина ќе изнесува 350 хектари, а посетителите ќе можат да уживаат во неколку хотели, аква парк и луксузни вили.

Преку островот ќе протекува вештачка река, а ќе бидат изградени и вештачки водопади. Сличен остров веќе се гради во Обединетите Арапски Емирати односно во популарниот Дубаи.

Водачите на проектот тврдат дека веќе бележат голем интерес за купување на објекти на островот, што не е ништо необично ако се земе предвид дека според бројот на милијардерите, Русија е втора земја на светот.