Канада е "климатски" нај безбедна Печати Е-меил
[06-07-2008 | 23:09 часот]
 Лондонскиот The Independent во петокот ги објави можните последици од глобалното затоплување, наведувајќи ги "сигурните" места за престој...

... доколку сакате да го избегнете потопувањето на вашата куќа или "спржувањето" од сончевите здраци.

Најновото истражување за глобалното затоплување е извршено во 168 земји ширум светот.

Целта е да се процени колку државите се добро подготвени за борба со последиците од климатските промени.

Според резултатите, најзагрозен регион е Африка - три четвртини од земјите кои се наоѓаат на овој континент им се заканува природна катастрофа, на чело со најзагрозените островите Коморо,  Сомалија, Бургунди и Јемен.

Најразвиените земји во Европа, се наоѓаат како што и се очекуваше, на самиот врв на табелата - Велика Британија е на 12 место, Франција на седмо.

Меѓутоа, доколку сакате глобалното потопување воопшто "да не ве пипне", преселете се во Канада, Ирска или во Скандинавија.

Шансите дека некој од вашите потомци ќе го дочека следниот век "со глава над водата" е дури осум пати поголема отколку во споменатите загрозени земји, пишува Independent.