На кои професии се палат жените? Печати Е-меил
[06-07-2008 | 23:16 часот]
 Не е потребно да бидете адвокат, доктор, глумец или спортист за да ги освоите женските симпатии. Постојат уште многу други професии кои се...

... харизматични за жените. Тоа се најчесто професии кои нудат елементи на храброст, креативност или различни вештини.

Претприемач

Претприемачите се луѓе од различна класа, имаат различни квалификации и почетни средства, но сите тие се спремни на ризик и не прифаќаат ограничувања.

Ако се одлучите да преминете во претприемачи, животот секако нема да ви биде лесен, но тоа е една од професиите која најсилно го привлекува женскиот пол. Тие ќе се воодушевуваат на вашата одважност, независнот и истрајност.

Пожарникар

Спремност на ризик, добра кондиција, заштитнички дух.... тоа се некои од одликите на пожарникарите, кои интервенираат во секаква ситуација, и кога се работи за домашното милениче, сообраќајка, или медицински итни случаеви...

Ветеринар

Поврзаноста помеѓу луѓето и домашните миленичиња е многу силна, а најчесто домашните миленичиња се рамноправни членови на семејството.

Ветеринарите се свесни за таа поврзаност.

Нивната работа е напорна исто како да работат со луѓе, а не со животни. За жените е привлечен оној момент, што паметен и способен маж се грижи за тоа што на жената во даден момент и е "најмило".

Фотограф

Многу жени ги ценат мажите со уметнички дух, односно оние мажи кои знаат да "замрзнат" еден момент од времето и да го изразат со една единствена слика. Уметноста, креативноста и фотографијата се дефинитивно посакувана комбинација за многу девојки...