|
Со омега-3 масти против депресија |
|
|
|
[29-06-2006 | 20:05 часот] |
Израелските научници утврдиле дека третманот со омега-3 масните киселини од рибиното масло им помага и на децата кои страдаат од клиничка депресија. Претходно спроведените истражувања во кои учествувале возрасни лица кои страдаат од депресија...
...покажале дека омега-е масните киселини даваат позитивен ефект во третирањето на депресијата. Во новото истражување кое траело четири месеци, учествувале 28 деца на возраст од 6 до 12 години кои страдаат од клиничка депресија. Според научниците, примената на омега-3 масните киселини придонесува за намалување до 50% на резултатот на тестирањето за депресија. Покрај тоа не се регистрирани никакви клинички релевантни негативни ефекти. Омега-3 масти највеќе содржи рибата и туната. А може да се консумира и како додаток во исхраната во облик на Омега-3 таблети. |