Пловечки град за иднината (фото) Печати Е-меил
[07-07-2008 | 00:25 часот]
 Наградуваниот белгиски архитект Vincent Callebaut ги дизајнираше необичните "пловечки градови", за жителите на нашата планета кои поради...

... глобалното затоплување во скора иднина ќе останат без своите домови.

На прв поглед градбите изгледаат како огромни надувани столици за во вода, но овие необични архитектонски градби се изгледа последното решение за забрзаното покачување на морското ниво.

Планирано е секој од од овие "пловечки градови" да собере и до 50.000 жители.

Проектот "Lilypad City" е осмислен така што ќе може да патува низ светот како независен и потполно самоодржлив дом.

На средината на секој град има езеро и вештачки планини, со цел неговите жители да можат да се рекреираат и да го "осетат" природното окружување.

Пловечките градови ќе имаат низа обновливи извори на енергија, вклучувајќи ги и соларните панели поставени на планините, ветерници и генратори кои ќе ја користат силата на брановите.