Уште неродени - почесни граѓани Печати Е-меил
[08-07-2008 | 00:39 часот]
 Уште неродени, децата на Анџелина Џоли и Бред Пит ќе станат почесни граѓани на Ница, објави градоначалникот на монденскиот француски град...

Анџелина од минатиот викенд е префрлена со хеликоптер во болницата Lenval, каде се одмара во предпородилниот период, а се очекува да се породи следните недели.

Откако пристигнала ви болницата, ја чекал специјален резервиран апартман каде ќе престојува со нејзиниот партнер Бред Пит.

Во петокот градоначалникот на Ница Christian Estrosi за Reuters изјави дека по раѓањето тој лично ќе ги потпише изводите на близнаците, а веднаш потоа ќе ги одликува за почесни граѓани на Ница.