Никол кидман роди девојче Печати Е-меил
[08-07-2008 | 01:13 часот]
 Оскаровката Никол Кидман во понеделникот наутро во Нешвил (САД), се породи и на свет донесе девојче кое го крсти Sunday Rose. На Никол и нејзиниот...

... сопруг Кејт Урбан ова им е прво дете, по две години од нивниот брак.

Никол неодамна им призна на медиумите дека во 10 годишниот брак со Том Круз (во кој посвоија две деца) имала два спонтани абортуси и поради тоа долго била во депресија.

Никол и Кејт пред неколку месеци се преселија во мирниот Нешвил, за глумицата да се отргне од стресот кој со себе го носи бучниот Холивуд.