|
Се ближи крајот на светот |
|
|
|
[08-07-2008 | 01:34 часот] |
Древните Маи сметале дека во 2012 година времето ќе се "ресетира", односно тоа повторно ќе почне да одбројува од нула. Според предвидувањата на Маите...
... десет дена пред дочекот на 2013 година ќе му дојде крај на светот. За нешто повеќе од четири години рамнината на Сончевиот систем ќе се изедначи со рамнината на Млечниот пат, и тогаш животот ќе заврши. Според верувањето на Маите, со датумот 21 декември 2012 година завршува одбројувањето на големиот временски циклус, т.е. големиот календар и настапува крајот на светот. Маите протокот на времето го набљудувале циклички, а не правопропорционално, и верувале дека токму сега еден циклус од 26.000 се ближи кон крај. Датумот на крајот на светот според мајанскиот календар се совпаѓа со ретката астрономска појава, која се случува еднаш во 230 милиони години. Точно на 21 декември 2012 година, за кога древните Маи предвидуваат крај на светот, рамнината на Сончевиот систем ќе се изедначи со рамнината на Млечниот пат. Некои истражувања говорат дека освен изедначувањето на рамнините на Сончевиот систем и Млечниот пат, истовремено ќе се изедначат уште две галаксии. 
Извор: Вечер |