Францускиот портал за туризам и патувања Expedia.fr, спроведе анкета во 4 илјади хотели во Германија, Велика Британија, Италија, Франција, Канада и САД...
... за да дознае кои туристи се најомилени, а кои најомразени. Резултатите не им оделе баш во прилог, бидејќи токму французите биле прогласени за најомразени туристи. Во анкетата испитаниците требале да ги оценат туристите во зависност од нивната националност и општиот впечаток. Се оценувала пристојноста, колку се жалат, колку се подготвени да го говорат јазикот на домаќинот и слично. Некои резултати, како оние дека Италијанците се најдобро облечени се веќе клише, додека останатите резултати изненадија многу. Американците, на пример, се најподготвени да се обидат да го говорат јазикот на домаќинот, иако се знае дека говорат малку странски јазици. Французите завршиле на 19-тото место, од вкупно 21 нации ширум светот. На првото место за најпосакувани туристи се најдоа Јапонците.  |