Најголемата фонтана (видео) Печати Е-меил
[08-07-2008 | 23:23 часот]
 Огромни хотели, необични облакодери, острови во форма на палми, а сега Дубаи ќе ја добие и најголемата фонтана во светот. Изградбата на фонтаната ќе чини околу...

...  300 милиони долари, а се планира да биде завршена следната 2009 година.

Иако сеуште нема име, оваа фонтана веќе ја има загарантирано титула "најголемата фонтана во светот", како што предвидуваат архитектите.

Големи пумпи ќе ја исфрлаат водата на височина и до 130 метри во воздух, фонтаната ќе биде долга над 300 метри, осветлена со 6.600 светилки и 50 проектори.

Новата фонтана на Дубаи ќе биде една четвртина поголема од познатата Bellagio фонтана во Лас Вегас. А како изгледа таа, погледнете од видеото во прилог.

Fountains of Bellagio - Andrea Bocelli