Поранешниот бубњар на Битлси - Ringo Star, на 7-ми овој месец го прослави својот 68-ми роденден со неколку стотици фанови. Ринго роденденот го прослави...
... во Hard Rock хотелот во Чикаго, заедно со гостите во хотелот кои за миг станаа гости на неговата роденденска забава.
Гостите биле почастени со пијалак и торта, а точно на пладне, славеникот ги кренал рацете, го покажал знакот на мирот и извикал: "12 часот e! Мир и љубов!".
Потоа, 300 гости во еден глас му отпеале Среќен Роденден!
"Мојот сон беше на роденденот да делам мир и љубов, но и колачите не се лоши", се нашалил Ринго, за кого оваа журка претставувала само подготовка за концертот кој е закажан за оваа недела - 13 јули.