Пропаѓа ли филмската индустрија? Печати Е-меил
[10-07-2008 | 00:22 часот]
 Аналитичарите сметаат дека наскоро следуваат црни денови за филмскиот и ТВ бизнисот, исто како што се случи и со музичката индустрија. Компаниите...

... Walt Disney Co. и Time Warner почнаа да опаѓаат, а аналитичарите се се погласни во тврдењата дека филмската и телевизиската индустрија ќе тргне по стапките на музичката индустрија - кон дното.

"Стравуваме дека штетата која и ја нанесе дигиталната дистрибуција на музичката индустрија, ќе се реплицира и на филмското поле", изјави налитичарот Anthony DiClemente.

Големи медиски корпорации како што се News Corp и CBS Corp, веќе се соочуваат со големи загуби поради опаѓањето на нивната вредност, од т.н. неминовни промени кои се случуваат.

Со продажбата на DVD ќе се случи истото што се случи со продажбата на музички CD-а, а дигиталната продажба ќе ја надмине физичката продажба, што директно води до големи загуби.

Сето тоа драстично ќе се одрази и на содржината, квалитетот и количината на филмовите и ТВ сериите кои ги гледаме.