Анџелина Џоли се породи Печати Е-меил
[13-07-2008 | 18:59 часот]
 Анџелина Џоли во саботата вечер нешто по 20 часот се породи со царски рез, и на свет ги донесе близнаците, едно машко и едно женско. Докторот кој го изврши...

... породувањето, по чинот веднаш се јавил во Associated Press каде им кажал дека Анџелина, Бред и близнаците се во одлична состојба и уживаат во новите моменти.

Породувањето каде присуствувал и Бред Пит поминало во најдобар ред.

Објавени се и имињата на близнаците, машкото е крстено Knox Leon, а девојчето Vivienne Marcheline, во чест на мајката на Џоли - Marcheline Bertrand, која изминатата година почина од рак.

Од вчера најпопуларниот холивудски пар има 6 деца, од кои 3 биолошки и 3 посвоени.