На што ги трошат милионите? Печати Е-меил
[14-07-2008 | 00:31 часот]
 Жените во Холивуд како Опра Винфри, Џоан Роулинг или Мадона кои успеале по висината на заработувачката да се изедначат, па и да ги надминат своите...

... машки колеги, парите често ги трошат на неверојатни работи, па така купуваат чинии, вода или постелнина која чини и по неколку илјади долари.

Опра Винфри (1,5 милијарда долари)

Кралицата на ток-шоу програмите секоја година заработува по 225 милиони долари.Од тие пари купила неколку имоти во Калифорнија, Атланта, на Хаваи, во Чикаго и Колорадо.

Сепак, малите нешта се она на што таа навистина троши големи пари. Таа руча на чинии вредни 60.000 долари и спие на постелнина од 2.500 долари.

За патување го користи својот "голфстрим џет" и "ролс-ројс", а за збирката шапки има една посебно уредена соба.

Џоан К. Роулинг (1 милијарда долари)

Некогаш самохрана и сиромашна мајка, Џоан започнува да се збогатува во 1997 по првата од седумте книги за Хари Потер.

Оттогаш и таа се препушта на моќта на парите па почнува да купува имоти во Шкотска, дворец во Единбург и 10 милиони долари вредна куќа во Лондон

Одморот честопати го поминува со семејството во Хамптонс, каде едно ноќевање чини 10.000 долари.

Остатокот од парите го вложува, но и го троши на најблиските.

Мараја Кери (225 милиони долари)

Поп-дивата своето богатство најчесто го троши на облека и накит.

Во нејзиниот 9 милиони долари вреден дом на Менхетн има соба за долна облека и друга соба исклучиво за дизајнерски фустани.

За 662.500 долари купила клавир, кој и припаѓал на Мерилин Монро, а се пофалила и со капење во 68 шишиња шампањ "кристал", чија цена изнесува 250 долар за шише.

Парите ги троши на патувања и приватни авиони.

Мадона (325 милиони долари)

Нејзиното расипништво со години ги полни весниците, но потезите кои најмногу го шокираа светот се оние поврзани со кабалата.

Така за само само 10.000 долари месечно плаќа посебна кабала вода.

Спие на скапа постелнина, а нејзините домови во Лондон, на Беверли Хилс и Менхетен ги красат сликите на Фрида Кало, Пикасо и Дали.

Ужива и во скапиот накит како на пример 200.000 долари вредната тијара која и припаѓала на Грејс Кели.

Извор: Вечер