Армани во светот на панцирите Печати Е-меил
[15-07-2008 | 02:39 часот]
 Дизајнерот Miguel Caballero од Богота (Колумбија) е единствениот дизајнер во светот кои изработува непробојна облека наменета за богаташите. За сега...

... е достапна за британскиот пазар, а продажбата почнува следната недела во трговскиот центар Harods во Лондон.

Колекцијата вклучува кожни јакни, спортски јакни и наметки за дожд. Caballero очекува дека дизајнерските јакни многу добро ќе бидат прифатени од руските олигарси, арапските шеици и богатите градски финансиери.

Всушност тие се главните корисници на сите производи и услуги за приватна заштита, од непробојни автомобили до бројни телохранители.

Со заштитената облека Caballero почнал да се занимава пред 15 години во текот на цивилната војна во Колумбија.

- Бројни фирми произведуваат заштитни градници, но никој нема непробојни јакни кои не морате да ги криете под облеката - изјавува Caballero.

Неговиот бизнис се проценува на 10 милиони долари годишно, а меѓу купувачите е шпанскиот принц Felipe, кралот Abdullah од Јордан и контраверзниот Hugo Chavez.

Купувачите можат да одбираат облека со три различни степени на заштита. Од заштита од пиштоли па се до облека која ќе ве штити од куршуми од автоматско оружје.

Дизајнерот не сака да открие од што е направена облеката. Единствено открива дека не е користено кевлар.