Rihanna во кампањата на Gucci Печати Е-меил
[15-07-2008 | 23:38 часот]
 Пеачката Rihanna ќе биде ново лице на модната куќа Gucci, во кампањата чиј дел од приходот е наменет за UNICEF. Модната куќа ќе пушти на пазарот ограничена...

...серија на артикли, а дури 25% од приходот од продажбата ќе биде наменет на фондацијата за деца UNICEF. Дваесетгодишната пеачка од Барбадос ќе се појави во кампањата која носи назив "Tattoo Heart".

Rihanna не е нова во добротворните акции. Таа во 2006 година основаше сопствена добротворна фондација "The Believe Foundation".