Избрана е Miss Universe 2008 (фото) Печати Е-меил
[16-07-2008 | 00:29 часот]
 Мисицата на Венецуела - Dayana Mendoza победи во понеделникот на изборот Miss Universe 2008 во конкуренција на убавиците од 80 земји. Престижната...

... титула на 22 годишната бринета и беше врачена на свеченоста во виетнамското летувалиште Nha Trang, пред публика од 7500 луѓе, и скоро милијарда гледачи пред телевизиските екрани низ светот.

Dayana Mendoza е 57-ма победничка на Miss Universe, а титулата ја прими од својата претходничка Riyo Mori од Јапонија.

Интересен беше одговорот на мисицата кога медиумите ја прашаа како ја поднесува победата.

Девојката во својата татковина била жртва на киднапирање, па таа изјави дека од тоа искуство добро научила како прибрано да се справи со притисокот.