Бабата им одржа лекција (фото) Печати Е-меил
[16-07-2008 | 12:32 часот]
 Helen Mirren, бабата која доби оскар со улогата на кралицата Елизабета 3 во филмот the Queen, буквално ги стресе трипати помладите колешки на плажите во Италија!

 

Иако "кралицата" месецов ќе полни 63 години, судејќи според фотките кои ги објави Daily Mail, таа изгледа децении помладо.

Хелен моментално е на одмор во Puglia (Италија) со својот сопруг, филмскиот режисер Taylor Hackford.

По повод новите фотки од италијанските плажи, "кралицата" негира дека правела пластична операција на градите, и додава дека никогаш нема да престане да се соголува.